Мајка (25) претепана од двајца мажи пред трговски центар поради ред на каса, двете ќеркички гледале се! ФОТО

Мојот адвокат ќе го заврши oва. Верувајте ми, мои жени, ќе се борам за ова.
Ќе одговараат што ме претепаа пред бебето и моето двегодишно девојче, порача Амира Бектиќ во својата објава на Фејсбук.
Младата мајка Амира Бектиќ (25) од Тузла, пред ТЦ „Бинго“ во населбата Суха во Живиница, во петокот била претепана од двајца мажи, јавува Аваз.
Амира тврди дека била претепана поради редот на касата.

Фото ФБ
Според неа, вербалната пресметка се случила кога таа требало да ги плати намирниците кои ги земала за себе и за своите деца.
Ја оставила корпата која требало да го чува редот, додека се вратила да ја земе заборавената намирница.
По расправијата за тоа кој ќе дојде прв да плати на каса, Амира им рекла на две момчиња кои и го земале редот:
– Извинете, јас дојдов на ред – по што настанала вербална пресметка каде што наводно младото момче и се заканувало:
– Сега ќе видиш кога ќе излезеш
„Во петокот бев нападната од двајца непознати мажи во Бинго поради редот на касата, кои ме чекаа надвор и ме претепаа пред очите на децата.
Сè што треба да направите е да ме поддржите за да бидат уапсени луѓе бидејќи полицијата во Живинице не направила ништо, само земале изјави и ги пуштиле, а ме „наградија“ со деформиран лик“, тврди Амира Бектиќ.

Фото Фб
Таа додаде дека „нема повеќе да се огласува бидејќи сака да ги тужи сите“.
„Мојот адвокат ќе го заврши тоа. Верувајте ми, мои жени, ќе се изборам за ова. Ќе одговараат што ме претепаа пред бебето и моето двегодишно девојче“, изјави Бектиќ.




