Реклама
UncategorizedНаши ѕвезди

Маја Оџаклиевска проговори за болеста која го зафатила и мозокот: Морала да се откаже од се, го променила начинот на живот а еден човек најмногу и помогнал

Реклама

Пејачката Маја Оџаклиевска наиде на сериозен здравствен проблем кој многу ја исплаши, а кој ја принуди да го промени начинот на живот.


Децениите поминати на сцената со чести отсуства од дома, нередовна исхрана, нарушен сон и други лоши навики на крајот го наплатија својот данок, па пејачката беше принудена да сврти нов лист.

фото принтскрин

-Не би сакалa оваа моја приказна да биде погрешно разбрана бидејќи сум свесна дека има луѓе кои имаат многу поголеми проблеми со здравјето од мене. Во мојот случај тоа беше слаба циркулација и маснотии во крвните садови.

Маркетинг
фото принтскрин

Всушност, тоа беше плоча на каротидата која, за среќа, може да се излечи, но со многу дисциплина. Кога докторот ми рече дека ако не престанам со некои лоши навики, нема враќање назад бидејќи ми беше зафатена гранката на мозокот, бев многу исплашена. Тогаш престанав да пушам преку ноќ, иако пред тоа пушев по три кутии дневно – искрено признала Маја.

Клучна личност за рехабилитацијата на Маја бил, како што истакна, Сарајлијанец по име Ејуб, кој слушајќи го нејзиниот проблем, решил самоиницијативно да и помогне.

Маркетинг
фото инстаграм/ Маја Оџаклиевска

-Се занимава со производство на мед со специјални билки. Цели две години ги земав неговите производи и се случи чудо. Каротидната плоча беше преполовена, со тенденција на намалување. Можете ли да замислите колку ми олесна. Дополнително, мојата крвна слика е сега како што вели докторот како да живеам на планина. Додека порано не можев без напор да се искачам на вториот кат, сега комотно можам да играм фудбал – се пошегува во едно интервју Маја Оџаклијевска и додаде дека зад неа се и проблемите со кичмата што ја мачеле со години.

фото инстаграм/ Маја Оџаклиевска

За само десет дена, белградски хиропрактичар и помогнал повторно да живее без болка.

фото инстаграм/ Маја Оџаклиевска

– Поради природата на работата што ја работев и огромните куфери што ги носев, пршлените, фигуративно кажано, ми зарѓаа. Отидов кај хиропрактик и тој почна да ми ја „крши“ кичмата во секој можен правец. Плачев од болка, дури му реков дека нема да добие ниту динар од мене, затоа што нема да платам некој што ме малтретира. Тој низ смеа ми одговори дека не морам да платам ако не чувствувам подобрување. Три ноќи не можев да спијам од болки. Едно утро се разбудив, станав и сфатив дека веќе ништо не ме боли. Бев вчудоневидена, збунета, но пред се среќна. Отидов кај него и му се заблагодарив од се срце истакна Маја.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button