Реклама
Вирално

Машките мајмуни многу често имаат геј секс, откриваат научниците – ваквото однесување им дава еволуциска предност?

Што се случува во светот, прашање е сега?!

Реклама

Во природата постои привлечност и кон припадници на истиот пол, а покрај пингвините, таа е присутна и кај мајмуните…

Светската здравствена организација во 1990 година ја тргна хомосексуалноста од пописот на ментални болести, а Русија тоа го направи во 1999 година. Но Путин во декември минатата година потпиша закон со кој се прошируваат ограничувањата на промоцијата на она што се нарекува „ЛГБТ пропаганда“, со што се забранува секое јавно изразување на начинот на животот на лезбијки, хомосексуалци, бисексуалци или трансродни лица во Русија.

Од друга страна во „западната хемисфера“ научниците се почесто објавуваат студии со кои докажуваат дека во природата постои привлечност и кон припадниците на исиот пол, и дека таа не е присутна само кај пингвините, туку и кај многу други животни. Една нова студија укажува дека такво однесување не само што има и кај мајмуните, туку истото им дава и еволуциска предност.

Маркетинг

Киналстван Кадар Фотографи

Научниците од „Imperial College London“ по тригодишно набљудување на макаки-резус мајмуните во Порторико откриле дека мажјаците почесто се впуштаат во се*с со припадниците на исиот пол од женките.

Маркетинг

Откриле дека 72 % од 236 набљудувани мажјаци имале геј с*кс додека само 46 % учествувале во хетеросексуални односи.

Постојат повеќе хипотези што би можеле да го објаснат овој феномен кај овие мајмуни, од оние дека има недоволен број на женки, до воспоставување на доминација и сл.

Сепак, научниците сметаат дека станува збор за една нова теорија – дека мажите кои практикуваат геј с*кс имаат еволуциска предност во односот на своите хетеросексуални „колеги“.

Википедија

Еволуциска предност

Мажјаците мајмуни кои се забавувале со припадниците на исиот пол често ги подржувале своите партнери во борбите, наведуваат научниците, а откриено е и дека бисексуалните макаки мајмуни имаат повеќе потомци отколку оние кои физички ги привлекуваат само припадници на понежниот пол.

Станува збор за создавање на „социјални“ врски, па тие си помагаат едни на други подоцна за време на ривалство со други.

Заради тоа имаат и подобар пристап кон женките па и повеќе потомци, вели биологот Винсент Саволаинем, пренесува Бизнис Инсјајдер.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Хомосексуалните врски се наследни

Научниците користејќи генетски тестови и анализа на семејните гранки открие дека ваквото геј однесување е 6.4 % наследно.

Како што пишува во студијата, оваа бројка сама по себе изгледа ниско, но е потполно во склад со другите наследни однесувања кои научниците ги идентификувале кај мајмуните – вклучувајќи ја и социјализацијата, пишува детално во соопштението за медиумите.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„За жал, некои уше се уште сметаат дека хомосексуалноста е неприродна, а во некои земји за такво однесување е одредена и смртна казна. Ова истражување покажува дека привлечноста кон истиот пол широко е распространето и меѓу животните“, вели Саволаинен, пишува Индекс.рс.

Новиот закон во Русија

И додека во западните земји веќе со години наназад се работи на подобрување на правата на ЛГБТ заедницата, во Русија ситуацијата е сосема спротивна.

Имено, во руските клиники наскоро ќе бидат воведени сексолози кои ќе им помагаат на пациентите да ја „надминат“ хомосексуалноста и разните сексуални ментални болести, пишува во уредбата на министерството за здравство која од 1 јули стапи на сила.

Овој закон беше потпишан од страна на Путин и според него, стручни лица ќе им помагаат на пациентите кои имаат нетипични склоности кон хомосексуалност, содомија и сл.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Казни заради поддршка на ЛГБТ заедницата

Регионалниот суд во Русија пред неколку недели го казни водителот на здружението Викхот, за поддршка на ЛГБТ заедницата со 150.000 рубљи бидејќи ова здружение одбило да се идентификува на социјалните мрежи како странски агент, како што се бара според новиот закон, објави магазинот „Новаја Газета Европа“, а пренесе „Индекс.хр“.

Исто така беше казнет и онлајн сервисот за филмови со 3.7 милиони рубљи бидејќи не дал предупредување за ЛГБТ содржина во емитуваните филмови. Претходниот месеци долниот дом на рускиот парламент даде почетна поддршка за закон со кон се забрануваат операциите на промена на полот, објави гореспоменатиот портал.

Според новата уредба на руското министерство за здравство, медицински лица ќе им помагаат на брачните парови да постигнат сексуална хармонија, а ведно ќе ги советуваат родителите како да ги едуцираат децата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button