Матора потрошила 80.000 евра за свадбата и 30.000 за невестата – свадбата во вила од три милиони евра
Невестата на Матора се појави како принцеза, а потоа облече мини фустан и се качи на масата
Поранешните учеснички во „Задруга 6“ Анита Станојловиќ и Јована Томиќ Матора ги собраа своите пријатели на раскошна венчавка, која што ја организираа на Свети Стефан, во луксузна вила.
Познатиот пар избра раскошна вила од три милиони евра, која е во сопственост на познат бизнисмен и во кој ноќевање чини 1000 евра.
Целата куќа е заокружена со високи ѕидини, а се наоѓа на луксузното место Свети Стефан во Црна Гора.
Фото: Инстаграм
Како што пишуваат медиумите, Матора за свадбата потрошила 80.000 евра, а само за подарокот за својата сакана издвоила 30.000 евра.
Фото: Инстаграм
Невестата на свадбата носеше романтична бела венчавка, додека Матора за оваа специјална пригода избра бел костум.
Фото: Инстаграм
Тие за првиот танц ја избраа песната од Нина Бадриќ „Дани и године“, а со солзи на очите Матора ја бакнуваше Анита додека танцуваа.
Фото: Инстаграм
Претходно пак Анита, која одлучи да го земе презимето на Јована, за време на свечениот чин, цело време плачеше.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Матора и Анита се запознаа во „Задруга 6“, а по шоуто одлучија да започнат заеднички живот.
Фото: Инстаграм
Матора ја запроси својата сакана на многу романтичен начин во Скадарлија, во својата омилена кафеана каде, како што пишуваат медиумите, поминала добар дел од својата младост.
Фото: Инстаграм
Како изгледаше невестата и во својата втора венчаница и додека играше качена на масата, погледнете во продолжение…