Маса од крај до крај во дворот и многу гости: Се славеше во домот на Цаки Кисми – пејачот ја покажа богатата трпеза
Прекрасна причина за славење имаше во домот на македонскиот пејач.
Кралот на кафеаните приреди одлична забава во својот дом.
Сашо Нојкиќ во јавноста е познат како Цаки Кисми, поради групата Кисми од која е дел со децении наназад.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Најдобрите забави во земјава се загарантирани во локалите во кои тој настапува.
Приватно е семеен човек, посветен сопруг, татко и дедо.
Кога не е на сцена, секогаш е дома во друштво на најблиските и најсаканите.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Најмногу ужива кога времето го поминува со нјмалиот член во семејството, внукот Јаков.
Заедно косат трева и ги извршуваат домашните обврски.
Цаки честопати на својот Фејсбук профил споделува детали за своето секојдневие.
Она што може да се види е дека тој и неговото семејство живеат во голема куќа со огромен двор.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Во неговиот дом сега имаше прекрасна причина за славење.
Имено, во домот на пејачот се празнува светителот Свети Вартоломеј, па по тој повод тој направи голема слава.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Во дворот намести маса која се протегаше од крај до крај на просторот, а на трпезата немаше што немаше.
Гостите беа многу весели, па станаа и заиграа оро.
ФОТО: Фејсбук / Цаки Кисми
Невозможно е во друштво на пејачот да нема одлична забава.
„На помош денот, среќна ни слава, Свети Вартоломеј. Ајде повелете“, напиша тој.