Мартија, зошто му го правиш ова на народот? „Гори“ интернетот, кумановката блеска што и да облече
Ова шармантна дама е една од нашите најдобри пејачки од помладата генерација
Пејачката ги воодушеви сите со фотографијата што ја објави
Мартија Станојковиќ неодамна ги спакува своите куферчиња и замина на луксузна дестинација, а потоа објави и фотографии на кои е во костими за капење и го покажа своето неверојатно згодно тело.
Пејачката позираше на бајковитата плажа, во црн минијатурен модел на бикини, па освои голем број комплименти од фановите.
Истакнувајќи го своето тело во преден план, поранешната македонска Пинк ѕвездичка никого не остави рамнодушен, но и многумина потсети на нејзиниот најнов спот за песната „Анатомија“.
Принтскрин/ Јутјуб
Имено, Мартија пред само две недели го објави својот нов спот кој веќе брои преку 100.000 прегледи на Јутјуб.
Фото: Инстаграм/ Мартија Станојковиќ
Пејачката воодушеви и со својата нова песна, но и со провокативните сцени снимени во пустината во близина на Дубаи.
И како што самата објави тогаш на Инстаграм, ова е нејзината 10-та песна по ред, а судејќи според реакциите, публиката повторо е воодушевена. Посебно оние од помладата генерација кои Мартија речиси секојдневно ги изненадува и со своите интересни објави.
Некои од нив погледнете во продолжение…