Реклама
Наши ѕвезди

Мартина ја исфрлија од бендот, па сега сите ги критикуваат – еве зошто момците од Дупер преку ноќ им станаа омразени на сите!

Реклама

Не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи откако симпатичната тапанарката на Дупер беше избркана од бендот.

Обожавателите се разочарани што повеќе нема да ја гледаат во приказната со бендот, а на Фејсбук отворено се огласи и сопственикот на Авалон продукција, Бобан Милошевски, кој посвети уште еден статус за останатите двајца, машки членови од бендот, Илчо и Борис.

Маркетинг

И тој е крајно разочаран од нивниот однос и изрази жалење што соработувал и потрошил драгоцено време со нив.

„Да избркаш рамноправен член од бендот затоа што девојчето сакало да оди на концерт на друг бенд е најнечовечка и најаматерска работа која ми се има случено во работата со изведувачи од Македонија. Жали Боже за времето што о потрошив на тие 5 состанока со Дупер.

Маркетинг

Имав обезбедено бендот да сними албум во Хрватска и спонзор за тоа. Прво ми беше смешно, после сфатив дека не е. Дека е тажно. И неверојатно нефер спрема Мартина…“

Овие зборови ги напиша Бобан од Авалон на Интернет и своето обраќање го заврши со зборовите дека на Мартина и посакува успех во сé што ќе работи, но и дека другите двајца не го интересираат за да им посака било што.

По ова следуваа бурни реакции од страна на корисниците на социјалните мрежи кои се револтирани што Мартина повеќе не е дел од бендот, и тоа заради банални причини.

 

„Гледајте на светлата страна. Со новиот состав ако не направите ниту една нова песна и само продолжите да ги вртите тие три наредните 40 години може да бидете новите Дуле и Коки, што и не е мала титула“,“Јас после она што се случи на БУБА МАРА би им дал “вољно“, а бркањево на Мартина е ’капак’“ , „Потажно е што во двајцава чучи некој мал Сталин. Подобро е ваквите да останат доживотно маргинализирани“, без било каква медиумска јавност, се вели в коментарите што можат да се прочитаат на интернет.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button