Марија не штеди пари за својот Супер Марио – само за количката дала преку 60.000 денари (фото)
Марија Шерифовиќ го купува само најдоброто за својот наследник кого нагалено го вика Супер Марио

Познатата пејачка ужива со својот син
Популарната поп-пејачка Марија Шерифовиќ неодамна со својот син Марио се врати од Америка во Белград.
И веднаш откако пристигна во својот луксузен стан кој се наоѓа во елитниот дел познат како „Белград на вода“, Марија покажа како ја средила собата за својот наследник, но и ги покани пријателите и најблиските роднини да им дојдат на гости и да се запознаат со приновата во нејзиното семејство.
Таа притоа објави и еден влог на Јутјуб, а од истиот можевме да видиме дека пејачката за Марио избира само најубави работи. Па така пејачката само за количката и носилката потрошила околу 1200 евра. Станува збор за премиум опрема порачана од Британија, пишува Блиц.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, М. Шерифовиќ
Потсетуваме, Марија во Америка додека траеше процесот за добивање на малиот Марио, најголема поддршка имаше од својата мајка Верица Шерифовиќ. Тие беа заедно и во болницата кога сурогат мајката го роди бебето, а по периодот на адаптација и откако заврши целиот процес, се вратија во Белград заедно со бебето.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, М. Шерифовиќ
Нејзината мајка и сега не се одвојува од внукот и ѝ помага во сé околу бебето, што можевме да го видиме и од влогот на пејачката.