Марија го бакнува синчето, тој мирно спие покрај неа – најемотивниот момент од домот на пејачката
„Нешто не е во ред со мене?!“
Пејачката никогаш не била посреќна
Познатата поп-пејачка Марија Шерифовиќ откако го доби синот постојано објавува преслатки видеа со него.
Таа својот наследник го доби со помош на сурогат мајка во Америка, а откако се врати во Белград редовно ги известува своите следбеници и обожаватели за сето она што и се случува сега како мајка.
Пејачката овој пат објави симпатично видео и покажа како го минува времето со приновата во нејзиниот дом.
Принтскрин/ Инстаграм
„Одите веднаш, гушнете ги вашите мајки, татковци, баби, дедовци, деца, мажи, жени девојки, момчиња, пријатели, кумови, вујковци, браќа, сестри и бидете благодарни бидејќи сте здрави, сити и сакани“, напиша Шерифовиќ во својата објава, а потоа го додаде и следново:
Принтскрин/ Инстаграм
„Со мене нешто сериозно не е во ред. Си гукам на Инстаграм, гледам Џери Мегвајер, сега ми недостига пица, и некој шејк од чоколадо и така. Морам под итно да престанам да сум толку емотивна. А можеби е само време со таа Марија да се поздравам“, додаде таа.