Реклама
Вирално

Мара во ист ден доби четири внучиња – нејзините три ќерки се породија истовремено

Реклама

Три сестри од Црна Гора се породија истовремено

Фото: Илустрација

Црногорката Мара Мугоша деновиве стана баба и во исиот ден од своите три ќерки доби четири внучиња.

Оваа среќна и необична вест го израдува целиот регион, а настанот се случи во болницата „Данило Први“ во Цетиње.

Маркетинг

Имено, три родени сестри се породија во иста болница и речиси истовремено, со разлика од само неколку часа, и ги родија Стефан, Дарија, Урош и Ања.

Фото: Илустрација

„Породувањата поминаа уредно. Семејството и нивните деца се добро“, изјави за телевизија Цетиње докторот Предраг Јовковиќ кој го предводел гинеколошкиот тим. Тие исто така беа изненадени од настанот.

Маркетинг

Прва во породилната сала влегла Оливера Мугоша Миџор, која во петокот околу 9 часот наутро го родила Стефан. Еден час по неа нејзината сестра близначка јасна ги родила близнаците Урош и Ања, а нивната трета сестра Јелена се породила во 11 часот и на овој свет ја донела Дарија.

Најсреќна е бабата Мара Мугоша која во ист ден од своите три ќерки си доби четири внучиња.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button