Повторно се шушка дека познатата манекенка е бремена
Имено, откако манекенката со интернационална кариера Катарина Ивановска не присуствуваше на Скопскиот маратон, а потоа и не замина во Тел Авив да ја поддржува својата пријателка Тамара Тодевска, дел од македонските медиуми ги објавија гласините дека Катарина повторно е бремена.
Овие информации ги подгреа и нејзиниот пријател, диџејот Зоки Бејбе кој на Инстаграм (ре)објави фотографија од Катерина кога беше бремена со Вања.
Гласините манекенката досега ги нема демантирано, ниту пак потврдено, а што се однесува до претходната бременост, прв пат беше објавено дека е во блажена состојба дури кога беше во петтиот месец од бременоста.
Убавата манекенка тогаш откажа неколку ангажмани, но откако во 2017 година го роди малиот Вања за многу брзо време повторно се врати во топ форма и започна да снима едиторијали за светски познати брендови.
https://www.instagram.com/p/BxDu_amDHlE/
https://www.instagram.com/p/BuvzW-MF3da/