Реклама
CelebrityTV

Мамо, кога ќе си дојдеш дома?Гордана Јнакуловска низ солзи раскажува за посетата во затвор на нејзиниот син

- За време на посетите, Петар знаеше да ми донесе по некој цртеж, понекогаш и цвет за да ме израдува - открива таа.

Реклама

Гордана Јанкуловска своето прво ТВ интервју за медиум, по излегувањето од затвор се одлучи да го даде за Кристијан Ландов во поткастот „Претрес“.

Потсетување дека, пред неколку месеци Гламур.мк ја имаше четста за првпат по отслужената казна, ексклузивно да разговара со г-ѓа Јанкуловска.

Поминавме траума, посебно Петар, кој имаше само 2 години -ЕКСКЛУЗИВНО интервју со Гордана Јанкуловска за мајчинството

Маркетинг

Во тричасовниот разговор поранешната минстерка за внтатрешни работи отворено раскажа за тоа како ги поминала овие осум години зад решетки, колку ја променило тоа, искрено кажа и за „бомбите“ во кои таа често се појавува со различни телефонски разговрои, слободно зборуваше и за нејзиниот однос со Никола Груевски итн.

Маркетинг

Воедно, водителот Ландов, нагласи дека пред официјално да се вклучат во живо на јутјуб, добил сигнал, токму од Груевски дека ќе го следи поткастот.

Она што најмногу ја трогна јавноста во случајот кај Јанкуловска е тоа што таа замина во затвор и остави две годишно дете да биде растено од неговиот татко и потесното семејство. Ова се чини беше и најголемата болка за неа, како мајка,  која што се уште не поминува.

Гледајќи го синот, Петар, како расте во најтешките можни услови за еден човек, Јанкуловска вели дека најпосле достоинствено се соочила со политичкиот реваншизам.

Инаку Петар, синот на Гордана оваа година ќе биде прваче.

– Моето семејство, вклучувајќи го и мојот син Петар, доаѓаа во посета онолку колку што им беше дозволено, а тоа беше премалку. Само три пати месечно. Посетите траат само 60 минути и ни секунда повеќе, тоа е строго контролирано. Бидејќи се работи за долг временски период можам да кажам дека на почетокот Петар и не занеше што се случува бидејќи беше многу мал, но со текот на времето работите му стануваа појасни. Морам да нагласам дека во случајов потешкиот товар падна за мојот сопруг, кој морал од дома секое доаѓање да го подготвува психички за да ја согледа реалноста, но во исто време да ја сфати на најблаг можен начин, тоа да не го повреди бидејќи сепак е дете – вели Јанкуловска.

Овие мигови биле претешки за неа, низ солзи во очите раскажува таа.

Кога се случила целата трагедија, размислувавале со сопругот како да постапат, што е попаметно, едната опција била да не го види сопствениот син ниту еднаш за време на казната, а другата била она за која се одлучиле.

– За време на посетите, Петар знаеше да ми донесе по некој цртеж, понекогаш и цвет за да ме израдува – открива таа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button