Мама Тамара ја качи Хана на грбот и ги воодушеви обожавателите – на Евровизија за неа пееше со солзи на очите (фото)
Тамара Тодевска го освои осмото место на Евровизија и со тоа го оствари најдобриот пласман за Македонија на овој престижен музички натпревар.
Пејачката Тамара Тодевска која со песната „Proud“ го постигна најдобриот евровизиски резултат за нашата земја во историјата беше дочекана со овации на скопскиот аеродром по пристигнување во Македонија.
По брилијантниот настап на евровизиската сцена Тамара се врати во Македонија, а на аеродромот заедно со сопругот ја пречека и ќерката Хана на која што Тамара и го посвети настанот на Евровизија, а која се појавува и во нејзиниот спот и која што ја видовме на сцената во видео бимот.
Мама Тамара Хана си ја носеше на грбот додека ја пееше евровизиската песна пред нејзините најверни обожаватели.
Тамара ќерката Хана ја доби со сопругот поранешен кошаркар Александар Димитровски со кого има и син Дарен