Малкумина ја знаат тажната приказна што се крие зад еден од најголемите хитови на Тоше Проески
Пејачот Тоше Проески животот го изгуби во страшна сообраќајна несреќа во 2007 година во Хрватска.
Тој беше еден од омилените пејачи как0 во Македонија, така и на сите простори од поранешна Југославија. Многу од неговите песни и денес се хитови, а една од најпознатите му беше песната „Соба за тага“ од неговиот албум „Ако ме погледнеш во очи“ издаден во 2002 година.
Малкумина знаат дека зад оваа песна се крие една тажна приказна на која никој не може да остане рамнодушен.
Имено, стиховите од оваа песна наводно ги има напишано еден човек во затвор кој бил на отслужување на казна затоа што му го одземал животот на љубовникот на неговата сакана. Текстот некако дошол до менаџерката на Тоше, пишува „Пулсонлајн.рс“, па таа му предложила на легендарниот пејач да ја сними песната, и останатото е историја.
„Помеѓу врати и прозорци, на кревет спомени лежат, тука се моите чекори, но како олово тежат.“
Како што пренесуваа медиумите, авторот на овој текст наводно не сакал никаков хонорар за песната, туку само сакал да добие посвета на оригиналниот албум, а оваа желба и му била остварена од Тошо Проески.
„Моја си замка паднав и спијам, сите си мислат дека се кријам, нема да пројде само од себе, се ме боли после тебе!“
Покрај оваа верзија, постои уште една, односно две егедни поврзани со овој безвременски хит на Проески.
Втората приказна е малку поблага и помалку драматична. Според неа песната ја напишал осуденик, но тој не одлежувал казна за уство, туку за кражба на банка, а песната била напишана за неговата девојка.
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески
Фото: Фејсбук/ Андријана Јаневска
Фото: Фејсбук/ Тоше Проески