Малите деца не смеат да носат маски, еве зошто: Германски лекари категорично тврдат!

Деновиве се повеќе се зборува дека децата во градинките ќе треба да носат маски, што предизвика голема полемика.
Еве што мислат германските стручњаци. Носењето маска за лице е препорачано или задолжително во многу земји за борба против коронавирусот, но лекарите предупредуваат дека треба да се претпазливи кога станува збор за деца.
Прашањето е дали одлуката да се носи маска за лице е разумна? Тоа е, но под одредени услови и во одредена возраст, вели германското здружение за педијатри.
Две работи се потребни за да се обезбедат маски за заштита на оние околу нас и да не се изложува лицето што ги носи. Прво, маската мора целосно да го покрие лицето од носот до брадата и треба да се прицврсти на кожата.Второ, еднаш да се стави на лицето веќе не треба да го допираме.
Кога станува збор за деца, нереално е да се очекува дека тие ќе ги исполнат овие услови, особено оние во рана возраст.
„Помладите деца веројатно нема да ја допрат маската само доколку постојано ги предупредуваат нивните родители – колку е помладо детето, толку почесто ќе ја допрат маската“. Затоа, германското здружение за педијатри утврди кои деца можат да носат маски: Според нив, тие се над 2 години.
Носењето се препорачува само во затворени простории, додека тие не се задолжителни на отворено, тврдат германските лекари.
Фото: timesofisrael.com