Малиот Трајче од Струмица што го освои Балканот порасна – многу девојки денес лудуваат по него (фото)
Трајче од „Пинк ѕвездички“ и денес е во светот на музиката
Трајче Ѓоргиев од Струмица се уште важи за еден од најголемите таленти што некогаш се појавиле во „Пинк ѕвездички“.
Ова популарно шоу изроди бројни таленти, а еден од нив е и Трајче Ѓоргиев од Струмица кој беше миленик на публиката.
Тој се натпреваруваше во 2015 година, а на сцената пееше како домашни, така и странски песни и секогаш со својот маестрален вокал, но и емоции и неспорен талент брзо се издвои беше еден од најдобрите.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Трајче денес има 22 години, а неговите видеа од настапите во Пинк ѕвездички денес бројат милионски прегледи.
Тој во популарното шоу влезе во суперфиналето одржано во јули 2015 година и се пласираше на високото второ место, додека победата тогаш ја однесе маестралната Марија Сердар.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Додека се натпреваруваше најголема поддршка му беше неговото семејство, како и неговата сестра со која и денес е неразделен.
По шоуто неговата кариера почна да се движи по угорна линија и многумина за него велеа дека може да биде нашиот втор Тоше Проески.
Тој и денес е занимава со музика која е негова најголема љубов, а активен е и на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Трајче Ѓоргиев
Трајче преку своите профили редовно комуницира со својата публика и важи за миленик посебно меѓу девојките, а објавува и бројни обработки на песни со кои сите ги воодушевува.
Како ова момче кое во меѓувреме порасна во вистински млад заводник изгледа денес, погледнете во продолжение…