Некои дела ги надминуваат просторните и временските рамки во кои се создадени, па така имаат читателска публика од основно училиште до пензионери. Една од овие книги е и „Малиот принц” на Антоан де Сен-Егзипери.
Станува збор за фантастична литература која гради иреален свет кој се темели на реланиот свет .
Книгата што се појави во 1943 година се уште е многу актуелна преку нејзината критика на општеството и предупредување за вистинските вредности на животот, и токму тоа ги охрабрува дури и возрасните да го читаат оваа безвременско дело.
Тоа е книга која нѐ потсетува на вистинските вредности на животот и убавината на детскиот поглед на светот. Впрочем, самиот автор, во својата посеват пишува: Сите возрасни биле еднаш деца. (Но, само некои од нив се сеќаваат на тоа.)
Најмногу преведена книга во светот, по Библијата. „Малиот принц“ е класика на светска литература која нè учи за моралните и животните вредности, важноста на пријателството, води до сознанието дека љубовта бара компромис и значи давање и примање.
Поради пораките и идеите промовирани од оваа книга, генерациите и генерациите на читатели се допрени од приказната за патувањето на златокосото момче. Токму ова „необично“ момче нè потсетува дека среќата и убавината се скриени во мали нешта: мирисот на розата, сјаените ѕвезди, годината на пеперутките, зајдисонцето.