Малиот Лука ќе оди на лечење благодарение на Јелена Карлеуша – родителите објавија радосна вест
„Кога би имало повеќе луѓе како Јелена Карлеуша светот би бил подобро место“
Пејачката покажа дека е и голема хуманистка
Познатата пејачка јелена Карлеуша се приклучи во хуманитарната акција за малиот Лука Родиќ од Бачка Паланка.
На Лука во февруари 2024 година му беше дијагностицирана туморска промена во горната половина на десниот бубрег и тумор во задната јама на черепот со последичен хидроцефалус, па му е потребна помош.
Малиот Лука доби шанса своето лечење да го продолжи на клиника во странство каде се планирани специјалистички прегледи и терапии со зрачење. Затоа малиот Лука нема време за чекање, па му е потребна помош на сите добри луѓе во вид на донација за да го продолжи лечењето и да ја победи болеста.
Принтскрин/ Инстаграм
Карлеуша донираше пари, па му се обрати на Лука:
„Лука, чао. Јас се викам Јелена и една птица ми кажа дека наскоро ќе одиш во Турција со авион. Дека си многу добро, паметно и најхрабро момче. Те молам, заради мама и тато кои што многу се загрижени за тебе, сакам да им покажеш дека си голем борец и уште поголем победник. Мама, тато, тато Жељко, денес да нема солзи, освен солзи радосници. Знам дека е тешко, но верувајте во победа. Верувајте во добрите луѓе, верувајте во позитивна енергија и верувајте во Лука, тоа е најважно. Наскоро сите заедно да се вратите како среќни и здрави луѓе и да го прославиме големиот успех. Ве сакам и сите сме со вас“, изјави во своето емотивно обраќање познатата српска пејачка.
Принтскрин/ Инстаграм
Потоа се огласија и родителите на малиот Лука кои и се заблагодарија на Јелена што уплатила пари за лекувањето на Лука.
Принтскрин/ Инстаграм
„Кога би имало повеќе луѓе како Јелена Карлеуша светот би бил подобро место. Но тука не смееме да запреме, Лука го очекуваат уште многу терапии и прегледи во Турција, па сите ве молиме да продолжиме да собираме пари како што и започнавме“, пишува во обраќањето на родителите.