Реклама
MAMAБебињаВирално

Мал борец: Бебе големо колку дланката пет пати ја избегнува смртта: „Вистинско чудо е што бебето се уште е со нас“

Реклама

Џорџ Бонус  е новороденче, кое успеа да ја избегне смртта пет пати и да преживее и покрај тешките здравствени компликации.

Ова бебенце  од Велика Британија дојде на светот три месеци пред закажаниот датум, со тежина само 680 грама. Тој е роден во јули минатата година. Шест минути по раѓањето, тој беше приклучен на апарати за одржување на живот и му беше дадено 20 пати трансфузија на крв.

Маркетинг

Џорџ беше опериран шест пати, по што имаше четири сепси и менингитис. На родителите им е кажано пет пати дека нивниот син нема да преживее, но малио борец успеа да остане жив и неодамна беше однесен од болница во семеен дом во Нотингемшир.

„Бевме убедени дека нема да преживее, па затоа е чудно што сме тука сега со него”, вели мајката Хана Боуз за “Дејли мејл”, посочувајќи дека по 23 недели од бременоста имала болки во грбот, за по четири дена се родил Џорџ.

Маркетинг

Кога пристигнал на свет, на Хана не и било било дозволено да го допре, а лекарите итно го пренеле на интензивна нега. „Тие го оперира и не можевме да го допреме бидејќи кожата беше проѕирна”, се присетува таа, додавајќи дека нејзиниот син бил сместен во инкубатор кој повеќе личел на „пластична вреќа”.

На момчето му беше дијагностицирано некротизирачки ентероколитис, состојба на новороденче во која дел од дебелото црево почнува да изумира. По првата операција, следуваше проблем со црниот дроб, губејќи околу 40 проценти од крвта, проследено со менингитис и сепса.

По петтото предупредување до родителите дека малиот нема да преживее, пристигна болнички свештеник, кој дојде да му даде на детето последен благослов, и сите се помирија со тој факт. Сепак, Џорџ почна брзо да се опоравува, а лекарите истакнаа дека никогаш немале случај на новороденче што останало живо по таква силна инфекција.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button