Македонците растураат во „Ѕвездите на Гранд“ – Секуловски и пет дами се борат за прво место
Цело време е напнато
Ќе победи оној што ќе освои најмногу гласови.
По првиот пресек Саша Поповиќ во кој пристигнале 200.000 гласови се обрати до гледачите и ја соопшти одлуката на публиката.
Како што откри тој, во вториот круг од 20 кандидати поминуваат 12, додека 8 ќе го напуштат финалето.
Финалето по првиот пресек го напуштија Николина Перковиќ, Инел Нукиќ, Јулија Петровиќ, Мирза Пандур, Бета Судар, Јелена Проле, Стефан Томиќ и Александра Иванов. Тројцата кандидати од Македонија продолжија и во вториот круг, а во моментов се прави вториот круг од гласовите.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Мики Секуловски во вториот круг се претстави со песната „Зашто правиш слона“ од мене, додека Андријана Петрушовска која настапува последна со традиционалната македонска песна, „Јовано, Јованке“.
Финалето го отвори Мики Секуловски, со песната „Македонија“ од Дадо Топиќ кога буквално растури на сцената.
Како што пренесува „Гранд.онлајн“, велешанецот успеа да ја пренесе енергијата на сите, а настапот беше проследен со сценски ефекти кои му дадоа посебна магија на самиот почеток на спектаклот.
Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Облечен во црни панталони, црвена кожа јакна и жолти патики, тој блескаше а сцената и никого не остави рамнодушен.
На сцената блескаше и Мелиса Зијадиќ, а настапи под редниот рој 16 и со својот феноменален глас ги разгали сите во студиото.
Вистински перформанс направи и Андријана Петрушовска која во првиот круг настапи последна, но остави најсилен впечаток.
Таа настапи со сплет песни, започнувајќи со песната „Београд“ од Цеца, а завршувајќи со „Македонско девојче“ придружувана со танчарки, додека на сцената изгледаше како вистинска светска ѕвезда и никого не остави рамнодушен.
Мики, Мелиса и Андријана го поминаа и вториот круг
Заврши и вториот пресек, кога испаднаа уште шестмина, а шестмина останаа меѓу кои и сите пејачи од Македонија.
Имено, во следниот круг поминаа Мики Секуловски, Џула Дрини, Мелиса Зијадиќ, Антонија Черкез, Андријана Петрушовска и Шејла Зониќ. Како што соопшти Поповиќ, досега гласаше преку 320.000 гласови.