Македонците од Австралија со закани кон пејачите од Македонија – скандал што ги шокираше сите!
Некои од нашите иселеници најавија дека ќе ги бојкотираат нивните настапи
Големиот скандал со музичарите не стивнува
Сузана Гавазова заедно со Благоја Грујовски и Сања Цинцева, попозната како Сања Барби, вчера настапија на прославата на 8. Септември организирана од страна на општинскиот комитет на СДСМ – Кисела Вода, во склоп на „Традиционалниот пикник во Пеленица“.
Тие настапија и покрај преголемите притисоци од страна на поединци, но и некои здруженија на нашинци од дијаспората.
Меѓу најгласни на социјалните мрежи беа Македонците од Австралија кои на музичарите им се заканија со бојкот на нивните концерти.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
„Ве молиме да не се срамите! Утре пак ќе треба да дојдите во Австралија, но ќе биде тешко за вас и за нас. Северните Македонци имаат свои естрадни уметници. Македонија нема што да слави сега. Нејзиното име е збришано, а со тоа збришана е и независноста!“ пишува во својата објава на Фејсбук историчарот Ицо Најдовски – Перин, кој живее во Австралија и кој речиси секојдневно е активен на социјалните мрежи.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Неговата објава заедно со плакатот од споменатиот настап предизвика лавина од реакции од кои повеќето се со осуда кон музичарите.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
По големиот број критики Јордан Митев, Татјана и Новица Василевски и Адријана Кеш ги откажаа своето учество во настанот.
Јордан Митев на прославата во Гази Баба
Тие се огласија преку социјалните мрежи, а пејачот Јордан Митев објасни дека не бил известен дека станува збор за партиски настан.
Фото: Фејсбук/ Благоја Грујовски
Од друга страна Благоја Грујовски и останатите колеги решија да не ги откажуваат настапите, потенцирајќи дека не се политички определени и дека пеат за народот, односно за Македонија и за сите Македонци, и дека нивно е да пеат, а не да се мешаат во политика.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Тоа го направи и Сузана Гавазова која се огласи на својот Фејсбук и на своите фанови им го честиташе Денот на независноста.
„Да сте ми живи и здрави Македонци, кае и да сте во светот. Сакам да ви кажам дека денес ќе пеам во Скопје, ќе пеам за нашата мила земја Македонија и за нашите Македонци. Инаку, да ви кажам дека не припаѓам на ниту една политичка партија. Јас припаѓам на Македонија, на Македонците, на македонската музика и песна“, изјави Гавазова во своето обраќање на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Сања Цинцева
Но и покрај нивното оградување од политиката и политичките партии, следуваше лавина од коментари и жестоки критики од кои не мал е бројот и на оние што преминуваат во закани и вербални напади, па дури и во говор на омраза заради тоа што пејачите се осмелиле да пеат на еден ваков настан организиран од СДСМ.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Најжестоки во критиките беа претставниците на некои наши здруженија од дијаспората, како на пример на оние од Австралија.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Тие им порачаа на музичарите ни да не помислуваат да дојдат да прават концерти во нивната земја, затоа што ќе бидат бојкотирани.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Јордан Митев, кој го откажа својот настап во Пеленица, на социјалните мрежи веќе има најавено турнеја во Австралија, и бидејќи се дистанцираше од „контроверзната“ прослава, неговите настапи во оваа земја нема да имаат никакво проблем.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Но дали ќе биде така и за Благоја Грујовски и Сања Цинцева кои исто така имаат закажано турнеја, останува да видиме.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Во продолжение прочитајте уште некои од коментарите кои беа упатени на сметка на нашите познати фолк-пејачи.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
А еве и некои што застанаа во одбрана на пејачите.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Па, што мислите вие за оваа тема? Само ве молиме без недолични коментари, навреди и омаловажувања, туку културно и на еден достоинствен начин искажете го вашето мислење на нашата официјална Фејсбук страница. Коментарите што не се во согласност со нашите правила, ќе бидат избришани…