Македонци, НЕ заборавајте да и дадете поддршка на Тамара Тодевска – дијаспоро, гласајте за неа и да бидеме сите горди …
Тамара Тодевска со песната „Proud“ на 16 мај гордо ќе ги брани боите на нашата земја во Тел Авив.
Тамара во едно од нејзините последни интервјуа изјави дека песната „Proud“ со која што ќе настапи за неа е многу емотивна и дека ќе даде сé од себе, душата, срцето и секоја солза само публиката да ја почувствува емоцијата.
По првата генерална проба, според обложувалниците, песната на нашата претставничка се искачи за неколку позиции, а главни фаворите според нив се песните на Холандија, Русија, Швајцарија, Италија и Шведска.
Тамара неодамна изјави дека нема големи очекувања, туку дека сака Македонија да ја претстави во најдобро светло. Таа во своето обраќање преку Фејсбук напиша дека Евровизија за неа никогаш не била да се влезе во финалето или да се победи, туку нешто многу повеќе од тоа. Еровизија за неа отсекогаш преставувала прифаќање на различностите, место каде да се биде различен значи да се биде горд на себеси.
Таа во своето обраќање додаде дека цел живот и кажувале дека не е доволно добра, дека не се однесува женствено и дека за нив била само уште една изгубена девојка, но денес кога ќе ја погледне нејзината ќерка Хана, сака да расте во свет во кој не може никој да и суди, свет во кој не мора слепо да ги следи правилата за да биде прифатена.
„Сакам мојата ќерка да биде онаква каква што таа сака да биде и најважно, да биде горда на себе. Тоа е најмалку што можам да направам за неа“ вели Тамара во своето обраќање.
„Затоа, на 16-ти мај, ќе пеам за мојата ќерка. Ќе пеам за сите на кои им било кажано да ги наведнат главите и да ги следат правилата. На 16-ти мај, ќе ги прекршиме правилата и барем една вечер во годината ќе му кажеме на светот дека ‘се гордеам со себе’ е секогаш посилно од нивното ‘никогаш нема да бидеш доволно добар’/а! Секогаш ќе бидете доволно добри!” го заврши своето обраќање 33 годишната пејачка.
Првата полуфинална вечер е денес, на 14-ти мај, додека нашата претставничка настапува на втората, на 16-ти мај, а финалето ќе се одржи на 18-ти мај.