Македонци, внимавајте! Во Грција може да ви бараат 2100 евра заради коронавирусот – доволно е само да ви се случи ова!
Грција ги отвора границите за туристите од 15 јуни при што во земјата ќе можат да влезат посетители од држави со добри епидемиолошки карактеристики, што значи дека туристите од балканските земји може ќе бидат меѓу првите за кои ќе биде дозволен влез.
Според најновите мерки на грчката влада на странските туристи нема да им се бараат коронатестови, туку тоа ќе се прави по случаен избор за епидемиолошки да следат што се случува.
Но, оние кои се подготуваат ова лето да летуваат во Грција мора да знаат една работа: според најновите прописи на грчката влада, ако во објектот за сместување – хотел, вила, апартман или студио било кој да се разболи од коронавирус, сите гости кои престојуваат тука ќе мора да останат во карантин, дури и ако не се заразени.
Притоа, принудниот карантин ќе мора да го платат од свој џеб (150 евра по ден), што може да излезе и 10 пати поскапо од уплатеното летувае. Оние кои би се обиделе да побегнат од изолација ризикуваат да завршат во затвор!
Имено, според грчките мерки кои се на сила, секој објект во кој се регистрира најмалку еден заболен од корона веднаш се затвора и станува карантин за сите кои се наоѓаат во него, а изолацијата трае цели 14 дена.
Со оглед на тоа што осигурителните компании не го покриваат овој ризик на патувањето, за секој ден поминат во изолација македонскиот турист ќе мора да плати 150 евра на сопствениикот од објектот и за лекарски надзор. А тоа значи дека двонеделниот карантин, по лице, ќе чини дури 2.100 евра.
Постои и можност туристот на летување сам да заболи од вирусот, што значи дека ќе мора да плати дополнително неколку илјади евра за лекувањео зошто ниту таа стапка не ја покрива патничкото осигурување.
Исто така ако во хотелот или во апартманскиот објект било кој да се заболи од корона, сите гости ќе мора да останат во изолација од 14 дена, кои само ќе го плаќаат и тоа дури 150 евра по ден.
Туристичките работници кои од Македонија и другите балкански држави ќе ги организираат патувањата и сместувањето на туристите во Грција велат дека има уште процедури кои треба да бидат утврдени. Има можност туристот да биде вратен во карантин во својата земја, но поверојатно е да биде на дестинацијата на која се наоѓа. Туристичките агенции секако ќе водат сметка за безбедноста на патниците, односно ќе се најде начин да ги згрижат оние кои во текот на патувањето може да се разболат од коронавирус.
Проблем секако се дополнителните карантински трошоци од 150 евра по човек доколку во сместувачкиот објект се појави барем еден заболен од коронавирус.
Од друга страна, Грција веќе најави дека на плажите од 1.000 квадрати ќе можат да престојуваат само 40 туристи, а вработените ќе мора да ги пребројуваат луѓето.
Растојанието меѓу чадорите мора да биде 4 метри, а под овие чадори за сонце само две споени лежалки. Во Грција постојат околу 515 плажи и сите ќе бидат контролирани од полицијата, а туристи ќе бидат бркани и од дивите плажи.