Македонскиот фолкер им одржа лекција на сите: „Да го правиш ова треба да си тежок ропак и сељачиште“
Популарниот пејач на македонска фолк музика се огласи на Фејсбук по повод еден од најголемите хритијански празници и им одржа лекција на сите.
Јордан како прав патриот се врати во својот роден крај за празникот и уживаше во традиционалната македонска храна.
Иако сите мислеа дека си заминал засекогаш од државава тој покажа дека тоа се шпекулации.
Јордан Митев не сака многу да зборува за приватниот живот и она што за него е знае е дека неколку години е во брак со преубавата Славица, која е Македонка од Австралија.
На почетокот тие одржувале врска на далечина, Австралија-Македонија, но Митев успеал да ја убеди својата сакана и сега живеат заедно во неговото родно село Подареш.
Јордан секогаш со љубов и гордост зборува за своето село Подареш.
Изминатиов период одлучи да си даде оддишка од работата и замина на одмор со својата сакана во нејзината татковина.
Но, за Прочка тие се вратија во Подареш, па Јордан одлучи да напише долг статус во врска со шпекулациите дека засекогаш заминал.
„Уште едно ново утро, добро утро почитувани фанови! Денес е убав ден, Прочка, ден кога може да си простиме еден на друг.
Секогаш сум да се просте, затоа што човечки е да се згреши, но доколку има вистинско покајание и доколку грешката не е свесна и намерна.
Доколку нема вистинско покајание и доколку грешката е со умисла и лоша намера, тогаш простете толку колку што нема да носите гнев и тежина во душата, и не заборавајте!“
„Затоа јас во оваа прилика ви велам, простете доколку во изминатите 365 дена сум згрешил!
Често ми пишувавте во изминативе 2 недели, зошто сум заминал од Македонија.
Почитувани, не сум никаде заминал, и не сум ги спакувал куферите за да заминам од Македонија.
Само бев на кратко до Австралија. Тоа што порталите си ги пренесуваат вестите на свој начин е друга работа“.
Поздрав од моето село Подареш. Кога сум кај селото во изминативе денови видов и прочитав дека сеуште има луѓе кои што прават разлика помеѓу село и град, човек од село и човек од град.
Многу жално, во овој мал, брз и глобален свет да правиш разлика помеѓу село и град, треба да си тежок ропак и големо сељачиште.
Јас сум од таму каде што сум, и сум горд на моето потекло бидејќи Господ ме дал таму, колку и да има маани, од овде е мојот корен“.
„Часовникот почнува од 12:00ч (00:00) прави цел круг, и пак се враќа на почетокот.
Бидете како часовникот, бидејќи тоа е вистинско родљубие и патриотизам, се друго е ветар и магла.
Повелете на кафе, а за кратко ќе биде готов и качамакот со матеница! Убав ден и за многу години!“ – напиша Митев.
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев
ФОТО: Фејсбук / Јордан Митев