Македонскиот БРЕД ПИТ-Дали е ова најубавиот МАЖ во државава?
Неговиот специфичен изглед, но и неговото извајано тело, совршените црти на лицето го прават симпатија на голем процент од жените
Тој е Македонец со финско потекло. Впечатлив, екставагантен, убав, атарктивен, интелигентен, харизматичен… Давид Димовски, познат како Давид Мука, е шармантниот млад господин кој сериозно го привлекува вниманието во јавноста .
Неговиот специфичен изглед, но и неговото извајано тело, совршените црти на лицето го прават симпатија на голем процент од жените во Македонија и пошироко.
Дали Давид Мука е најубавиот маж во Македонија?
Тој пред неколку години се појави како музичар, беше дел од групата „Проџект Орфеус“ каде беше и фронтмен, потоа почна да создава соло кариера, а во последните години е длабоко навлезен во филмската индустрија.
Мука се потпишува како главен актер и продуцент во македонската акциона тв-серија „Blackops“, во која се појавуваат звучни имиња од естардата како Тамара Тодевска, Игор Џамбазов, Стефан Лазаров, Таско и многу други.
Мултиталентираниот Давид неодмана на својот инстаграм-профил објави фотографија на која анпиша дека е на сет. Се снима ли нов филм?
„Нов ден, ново снимање“, напиша артистот.
Со нетрпение очекуваме и нова музика од него, затоа што е одличен и на тоа поле.
Инаку, Мука е заштитно лице за еден бренд за долна облека, па често објавува навистина провокативни и заводливи фотографии. Погледнете дел од нашиот избор.