Македонски бизнисмен направи лом во музичкото шоу – неговиот глас никого не остави рамнодушен
„Ве молам никогаш повеќе да на престанете да пеете“, му порачаа од жирито по неговиот настап
Никого не остави рамнодушен
Тони Тушев има 53 години и живее во Тетово, а со својот глас и појава ги освои симпатиите на сите во шоуто за ветерани.
И како што самиот откри, на гитара почнал да свири на 8-годишна возраст, а веќе на 16 го имал и својот прв бенд.
Но подоцна животот го однел во потполно друг правец, па сега по толку години решил да си ја проба среќата во „Никогаш не е доцна“.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Тој повеќе од 20 години има приватен бизнис и се занимава со продажба на нови и половни автомобили.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
„Тука вработив половина од моето семејство. Тука е татко ми, синовите, зетот, ма сите по ред“, вели Тони пред камерите. Тој исто така откри дека и неодамна станал дедо по втор пат, а во публиката поддршка имаше од еден од синовите кој исто така се занимава со пеење, но и работи во неговата фирма.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
„Сепак јас сум подобар пејач од синот“, изјави во шега Тони, со што се сложи и неговиот наследник, па додаде:
„Имам свој бенд, работиме приватно, а кога свириме во кафеана, татко му доаѓа како гостин“, објасни наследникот на Тони.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Бизнисменот потоа настапи на сцената и ја запеа „Дајте вина хочу лом“, а жирито беше воодушевено од неговиот настап.
„Покрај тоа што сте најдобар продавач на автомобили, вие сте и најдобар пејач. Неверојатна енергија, ја срушивте салата“, му порача Даша, а и неговите колеги и колешки имаа само пофални зборови за него.
Инаку, Тони беше еден од шесте пејачи што се преставија оваа вечер во „Никогаш не е доцна“ и еден од тројцата што директно поминаа.
Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна
Покрај Тони жирито со прегласување одлучи во вториот круг директно да одат и Сузана Маричиќ и Драган Тодоровиќ, додека публиката во студиото гласот му го даде на Стево Јовановиќ.
На оваа четворка до вторник во полноќ ќе им се придружи уште еден кандидат за кој ќе одлучат Фејсбук гласовите на гледачите.
Станува збор за Ајка Колаковиќ и Јасмина Устиќ за кои гледачите можат да гласаат на официјалната Фејсбук страница на шуто.