Македонската Шерон Стоун 45 години е во брак со овој човек – посреќни од било кога, погледнете како уживаат
Прегрнати, среќни и вљубени после толу години.
Македонската актерка и нејзиниот сопруг за 5 години ќе прослават златна свадба.
Атерката Стојна Костовка кавноста ја запозна како дел од првата постава на македонските народни приказни, а огромна популарност стекна и како дел од популарната емисија Хихирику, која секое утро во недела беше неизоставен дел од секое македонско семејство.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Исто како и холивудската актерка Шерон Стоун, така и Стојна се вбројува меѓу дамите кои стареат како виното.
Витката линија и долгата црна коса и понатаму се нејзин заштитен знак.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
И покрај тоа што ја гази осмата деценија од животот, таа изгледа минимум 20 години помладо.
Завршила Средно фискултурно училиште во Скопје.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Малкумина знаат дека како млада се занимавала со спорт, но и паралелно посетувала и драмска лекција.
Иако се запишала на студии во Белград, после 6 месеци се откажала и се вратила во Македонија на Факултетот за драмски уметности.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Денес ужива во пензионерскиот живот, посветена е на домот и семејството, а насмевката секојдневно го краси нејзиното лице.
Активна е на Фејсбук каде често споделува свои фотографии во својот дом во Лисиче, кој е нејзина оаза на мирот.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Неодамна со сопругот Зоран прославија 45 години брак, па по тој повод на својот Фејсбук профил таа објави нивна заедничка фотографија на која се прегрнати и изгледаат посреќно од било кога.
Тие се вистински пример како се негува љубовта и поле долги години поминати заедно.
„45 години во добро и лошо, секогаш заедно !!
…ама незнам до кога“, стои во опис на фотографијата.