Македонската фолкерка распали на Инстаграм: „Немојте вие да водите сметка зошто некој не се омажил“
Македонската фолк-пејачка испрати силна порака до сите парови.
Сања Барби повторно во свој стил, без влакна на јазикот е огласи на Инстаграм.
Фолк пејачката Сања Цинцева, попозната како Сања – Барбика, е една од најубавите и најзгодни пејачки на нашата фолк-естрада.
ФОТО: Инстаграм / Сања Цинцева
Сања уште од самото свое појавување беше вистинско освежување за нашата музичка сена.
Нејзините песни веднаш стануваат хитови и иако релативно млада, може да се пофали со успешна кариера, каква секој посакува.
ФОТО: Инстаграм / Сања Цинцева
Освен кај нас, Сања е популарна и во дијаспората.
Активна е на социјалните мрежи, каде секогаш без влакна на јазикот го изразува своето мислење иако тоа може да ја чини нерви.
Се случувало дури и колегите да ѝ замерат, но таа секогаш цврсто стои на својот став.
И овој пат не се воздржа и на Инстаграм испрати силна порака до оние кои обожаваат да се мешаат во туѓите животи.
ФОТО: Инстаграм / Сања Цинцева
Впрочем таков е нашиот менталитет.
Таа сподели твит со кој очигледно се согласува и ги опомена сите:
„Немојте вие да водите сметка за тоа кој и зошто не се оженил и омажил, туку проверете дали сте среќни во тие бракови“.