Македонската фолкерка покажа како се слави во Австралија – полна трпеза, синот ѝ засвире на тапан, а мајка ѝ клекна на коленици
Луда роденденска забава во домот на македонската фолкерка.

Вака се слави роденден во дијаспората.
Македонската фолк-пејачка и нејзиниот сопруг Новица Василевски долги години веќе живеат и работат во далечната Австралија.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Заедно со своите синови Петар и Стефан, Новица и Тања заминаа во Мелбурн во 2015 година.
Каде и да отиде ова семејство ќе биде среќно, затоа што сите четворица зрачат со позитивна енергија и ги краси ведар дух.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Неовзможно е некој да биде нерасположен во нивно друштво.
Дури и за време на карантините, Новица и Тања го забавуваа народот со песна преку вклучувања во живо на нивните профили.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
И во Австралија редовно имаат настапи и свирки и музиката и понатаму е дел од нивниот живот.
Нивниот дом секогаш е отворен за нивните пријатели и кај нив секогаш се случуваат најдобрите забави.
Така беше и по повод роденденот на Тања.
ФОТО: Инстаграм / Татјана Лазаревска
Таа покажа како се слави кај нив, секогаш кога има добра причина за тоа.
Пејачката позираше со своите торти, а потоа заигра додека нејзиниот син свиреше на тапан и ги забавуваше гостите.