Македонската фолкерка мами воздишки на плажа – МНОГУМИНА ИЗНЕНАДЕНИ од ова нејзино издание
Македонската фолк-пејачка го покажа сиот свој раскош на плажа и ги воодушеви сите.
Анета изгледа подобро од било кога, а доказ за тоа се нејзините најнови фотографии на социјалните мрежи.
Мора да се признае дека времето за фолк-пејачката Анета Наковска како да запрело. Таа е буквално како виното.
Воопшто се нема променето од почетокот на кариерата до сега.
Анета е една од ретките на македонската фолк-сцена која долги години се одржува на врвот, а може да се пофали и со завидна кариера.
Освен во Македонија, популарна е и во дијаспората, а кога таа ќе запее никој не останува рамнодушен.
Долго време е на релација Македонија-Америка. Откако се омажи за нејзиниот долгогдишен партнер Спиро, се пресели да живее во Америка.
Имено, Спиро е нашинец кој живее и работи во Америка, но сега заедно со Анета скоро секоја година доаѓаат во посета на нашата земја, а овде имаат и заеднички бизнис.
Спиро и Анета уживаат секој момент, а обожаваат да патуваат.
Постојано се во добро друштво, а на нивнкте социјални мрежи може да се видат ифотографии од дестинациите кои ги посетиле.
Овојпат пејачката сподели фотографии од нејзиниот летен одмор и ги воодушеви своите фанови.
На фотографиите таа позира во костим за капење и ужива за сите пари во убавото време.
„Посебна убавина кога капејќи се во морето го гледам снегот на врвот на Олимп”, стои во опис на фотографиите.
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска
ФОТО: Фејсбук / Анета Наковска