Македонската фолкерка има сестра која ретко се појавува во јавноста – РУСОКОСИ УБАВИЦИ за кои годините се само бројка

Изгледаат како сестри близначки
Даниела Темелковска е една од ретките познати фолк пејачки која нема ниту една естетска корекција на себе.
Таа е природна убавица и се уште важи за фолк Барбика која со својот шарм и изглед плени каде и да се појави.
Таа не ретко настапува со својот син, Даниел Блажевски, кој исто така е познат пејач на македонска народна музика.

Но изгледа дека во нивното семејство сите се убави, бидејќи и нејзината сестра е дама од која ќе ви застане здивот.

Темелковска исто така своевремено настапуваше и со неа, па дури имаа снимено и спот во кој се појавуваат и двете.

Нејзината сестра, Емилија Лоце, е модна креаторка, а Даниела не ретко ги носи нејзините креации на своите настапи.

Емилија по две децении поминати во странство реши да се врати во Македонија, а заедно се појавија и во спотот за песната „Не се надевај“.

Таа можеби не е позната како нејзината сестра но не е потполно непозната за пошироката јавност, бидејќи тоа не е единствениот спот во кој се појавиле и двете.

Посебно внимание привлекоа со спотот „Нема дилема“ кој посебно беше мелем за очи за претставниците на посилниот пoл меѓу нивните фанови.

Тие и денес се во топ форма и изгледаат како во своите најдобри години и дефинитивно се едни од оние жени за кои може да се каже дека се како виното.

Времето како воопшто да не оставило трага на нив, па со својот природен шарм изгледаат како да се минимум една деценија помлади.

И двете се русокоси и изгледаат како близначки, па сигурни сме дека фановите би сакале повторно да ги видат заедно. И сите би биле воодушевени ако тоа се случи…
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Во галеријата што следува погледнете уште неколку фотографии од нашата позната фолк пејачка…
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
Фото: Фејсбук/ Даниела Темелковска
