Македонската „Пинк ѕвездичка“ конечно ги покажа мајката и братот – погледнете колку си личат, ќе се изненадите!
Младата македонска пејачка и нејзиниот брат неверојатно многу личат еден на друг, а убавината ја наследиле од нивната мајка.
Антониа Гиговска со крупни чекори ја освојува македонската, но и балканската музичка сцена.
Нејзиното учество во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ ја вивна во светот на познатите и ѝ пружи можност за неа да слушне регионот. За кратко време Антониа се здоби со огромна популарност.
Во интервју за „Гламур магазин“, Антониа откри дека љубовта кон музиката ја има уште откако знае за себе.
„Уште кога сум се родила постоела во мене. Сигурна сум во тоа. Во градинка сум ја открила, но не сум продолжила затоа што сум се срамела премногу, а потоа на 11 години брат ми беше иницијатор“, откри Антониа.
Она со што во последно време привлекува огромно внимание е нејзината либија.
Имено, пејачката со посебен режим на исхрана и редовно вежбање изгуби 20 килограми и телото го доведе до совршенство.
Резултатот е навистина впечатлив, Антониа сега изгледа посекси, а веројатно се чувствува и посамоуверено.
Дека тоа е навистина така покажуваат и нејзините најнови фотографии кои често осамнуваат на нејзиниот профил.
Инаку, Антониа скоро две години е во врска со пејачот Иван Јованов. На почетокот нивната врска беше тајна и се криеја од медиумите, но сега на големо споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи. Антониа очигледно научила дека популарноста не се стекнува само со пеење, туку дека во тоа голема улога игра и приватноста која секогаш е интересна за јавноста.
„Ние се знаеме одамна колегијално. Ниту се дружевме, ниту помислив на тоа во ниту еден момент. Се видовме на свадба, јас ја отворав свадбата, ја пеев првата песна, тие свиреа … Оттогаш започна се“ открива Гиговска во „Живот со стил“.
Антониа понекогаш знае да сподели и фотографии од нејзиното семејство. Своите фанови посебно ги изненади кога објави фотографија со нејзината мајка, за која вели дека ѝ е најголемата поддршка во животот.
„Мојот свет, мојата поддршка, моето сè“- напиша таа во описот на фотографија каде позира насмеана заедно со мајка си.
Мора да се признае дека пејачката убавината ја наследила од својата мајка.
Таа деновиве сподели фотографија и со нејзиниот брат.
Таа и нејзиниот брат Дарко позираа пред огледало, а во опис таа му посвети емотивна посвета.
„Ти си брат како никој друг“, напиша таа до објавата.
Фотографијата собра над 5000 лајкови, а под истата се нижеа позитивни коментари.
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм / Антониа Гиговска