Македонската пејачка со своите нови фотки го „запали“ интернетот – природна убавица што остава без здив
Позираше во костим за капење, сите го коментираат нејзиното тело
Барбара ужива во убавото време, а најубавите моменти ги споделува и со своите следбеници на социјалните мрежи.
Младата пејачка и поранешна водителка, Барбара Ракичевиќ, ужива во одморот, а со последната објава на Инстаграм ги воодушеви сите.
Барбара објави неколку фотографии, а најголем впечаток остави со оние на кои што позираше во металик костим за капење.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Во прашање е модел дизајниран од македонската дизајнерка Ива Спасовска во кој Барбара изгледа неодоливо.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
На споменатите фотографии доминира беспрекорниот шарм на оваа македонска убавица, со нејзиното феноменално атрактивно тело во преден план со кое Ракичевиќ никого не остави рамнодушен.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Таа е млада дама која со својот природен шарм ги воодушевува сите, па следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
„Изгледаш како Барбика“, „Убавице, прекрасна си“, „Преубави фотографии“, „Те сакаме“, беа само некои од коментарите што оваа згодна млада дама ги доби од своите бројни следбеници на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Таа потоа објави и некој фотографии на кои позираше во преубаво розово издание и повторно ги воодушеви сите.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
„Нека те води срцето ако сакаше да стигнеш“, напиша таа под фотографите на кои изгледа како принцеза.
Фото: Инстаграм/ Барбара Ракичевиќ
Инаку, Барбара важи за една од најзгодните млади пејачки на нашата сцена, а нејзините фотографии што секојдневно ги објавува постојано привлекуваат внимание на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение: