Македонската пејачка напиша емотивна порака за својот партнер – РОМАНТИЧНА љубовна приказна на која секој им завидува!
Македонската пејачка напиша емотивна порака за својот сакан и ги воодушеви фановите.
Зои Блажевска или во јавноста позната кско Зои Блаж ја запознавме како пејачка, но таа одлучи да направи промена на својата професија, па стана професионален шминкер.
Дека навистина ужива во тоа што го работи доказ се многу фотографии и видеа со нејзини совети за шминкање. Посветена е максимално на својата професија.
Освен во работата, ужива и во љубовта.
Зои е верена за словенечкиот ракометар Тадеј. Парот навистина ужива во својата љубов, доста се активни и двајцата на социјалните мрежи каде споделуваат заеднички фотографии.
Пред веридбата тие беа во неколку годишна врска на далечина.
Љубовта на далечина е тешко одржлива, но овој пар го докажа спротивното. Четири години храбро ги издржаа сите предизвици и разделеноста поради природата на професијата на Тадеј, но љубовта остана да цвета и се покажа толку силна што Тадеј одлучи и да ја запроси.
„Кажав „да“ на човекот кој што ме прави да се чуствувам посебна, кажав „да“ на среќата, кажав „да“ на љубовта , кажав „да“ на еден нов живот во кои ќе има само убавини …. Те сакам највеќе на цел свет”, напиша Зои на своите профили на социјалните мрежи.
Таа периодв е во Германија, каде во градот Зул игра ракомет нејзиниот сакан, поранешниот ракометар на „Металург“, Тадеј Матијашиќ.
За нив двајца секој момент е создаден за љубов и слободното време секогаш го користат да бидат заедно.
Таа во интервју за Гламур откри и детали од приватниот живот и кажа каде планираат да живеат со Тадеј во иднина.
„Најпрво да сме живи и здрави и да заврши вирусов, планираме ако е се како што треба летото 2021 да направиме во Словенија свадба, а 2022/2023 во Македонија. Ќе живееме каде Тадеј ќе игра, моментално во Германија а за понатаму здравје не сме збореле. Јас ја обожавам Словенија тој живее на море и тоа нема да ми смета”, кажа Зои во интервју за Гламур.
Деновиве таа изненади со емотивна порака која му ја посвети на својот сакан.
„Ти благодарам господе за оваа среќа , оваа искрана љубов , за овој мир , за се што ни имаш подарено да поминеме заедно.Те сакам“, стои во опис на нивните заеднички фотографии.
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж
Фото: Инстаграм / Зои Блаж