Македонската пејачка искрено за својата ќерка: „Еден страв имам ќерко“
Некогашната македонска пејачка со стиховите посветени на нејзината ќерка ги воодушеви фановите.
Ева напиша прекрасна песна по повод роденденот на нејзината ќеркичка.
Ева Недиковска жареше и палеше на македонската музичка сцена кон крајот на 90-тите.
ФОТО: Фејсбук / Ева Нединковска
Уште на свои 18 години започна професионално да се занимава со музика и максимално беше посветена на својата професија.
Секој нејзин настап беше осмислен со кореографија.
ФОТО: Фејсбук / Ева Нединковска
Атрактивната русокоса веднаш ги освои симпатиите на публиката, а нејзините песни брзо стануваа хитови.
Генерацијата од 90-те добро ги памети нејзините песни „Дали денот ќе е рај“, „Слатка треска, „Од утре или задутре“, Таан и мед“, „Енигма“.
ФОТО: Фејсбук / Ева Нединковска
Иако со сигурност ја очекуваа големи успеси, Ева одлучи да се повлече од музиката и целосно ја промени професијата.
Од 2011 година е сопственик на Центарот за обука „Ева“.
Денес е успешна деловна жена, а приватно посветена и грижлива мајка.
ФОТО: Фејсбук / Ева Нединковска
Од бракот со веб-дизајнерот Јурак Петров ја има ќеркичката Ена.
По повод седмиот роденден на Ена, Ева која инаку е и текстописец, напиша прекрасни стихови а својата ќерка.
Ева преку песна ја изрази мајчинската љубов и грижа, стравот на секоја мајка кога се во прашање нејзините деца.