Македонската пејачка и во бременоста не се откажува од своите екстравагантни изданија – овој детаљ жените го обожаваат!
Хит чизми со кои се пофали Антониа Гиговска, а кои нашите инфлуенсерки ќе ги обожаваат…
Таа плени каде и да се појави и со својот природен шарм никого не остава рамнодушен…
Нашата позната пејачка Антонија Гиговска на социјалните мрежи се уште редовно објавува бројни фотографии.
Шармантната пејачка уште од своето прво појавување на малите екрани ги воодушевува сите како со својот глас, така и со својата појава.
Таа плени каде и да се појави и со својот природен шарм никого не остава рамнодушен.
Тоа важи и за социјалните мрежи каде секојдневно споделува модни изданија со кои инспирира многу млади дами.
Иако неодамна најави дека заради бременоста се повлекува од музичката сцената, пејачката сепак реши да ги одржи своите последни настапи. Таа ја извести публиката дека неколку месеци ќе биде на заслужен одмор, за да може да се опушти и да и’ се посвети на бременоста, а потоа објави и неколку фотки со кои повторно ги воодушеви своите фанови.
Таа овој пат позираше во длабоки бели чизми кои ќе им се допаднат на многу инфлуенсерки, посебно што со нив едноставно не можат, а да не изгледаат фенси на нивните Инстаграм фотографии.
Позираше во необична јакна и куси панталони со истиот дезен, а во центарот на вниманието беа нејзините нозе.
Белите чизми со тенки високи потпетици никого не оставија рамнодушен, а како бремената Гиговска изгледаше во нив, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска
Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска