Реклама
Наши ѕвезди

Македонската пејачка блеска со БЕБЕНЦЕТО ВО РАЦЕТЕ – слатките проблеми на една горда мајка

Познатата пејачка блеска со своето преслатко бебенце во рацете, а видеото што го сподели никого не остави рамнодушен.

Реклама

Пејачката повторно ги „запали“ социјалните мрежи, но овој пат во едно малку поинакво издание…

Познатата македонска пејачка Антониа Гиговска пред два месеци се породи и го роди своето прво дете, синот Каин.

Таа и нејзиниот избраник, музичарот Роберт Спасенцовски, станаа родители и сега уживаат во нивната нова улога.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

И додека новопечениот татко Роберт пред неколку недели ги изненади сите со фотографии со кои покажа дека на својата рака го истетовирал стапалото на својот наследник, познатата мама сега објави снимка на која се гледа како ужива со малиот Каин и ги воодушеви сите.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Имено Гиговска објави снимка на која е без шминка и лежи во креветот додека се игра со нејзиното бебенце.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

На снимката се гледа само ножето на Каин, а од лицето на пејачката можеме да видиме колку ужива додека се гушка со него.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Како пејачката изгледаше во ова издание, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Потсетуваме, Гиговска македонската јавност, но и публиката во регионот ја освои кога уште како мала за прв пат се појави во „Пинкови ѕвездички“.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Таа за кратко време стана една од омилените наши пејачки, а веста дека е бремена посебно ги израдува нејзините фанови.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Пејачката пред нешто повеќе од два месеци се породи и го роди својот син Киан од кого сега не се одвојува, па одвреме-навреме на нејзиниот Инстаграм профил можеме да ја видиме како ужива со него.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Овие изданија на гордата мама секогаш предизвикуваат воодушевување и сите се согласни дека таа сега изгледа подобро од кога било досега.

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Пејачката едноставно блеска и ужива во мајчинството, а како изгледаше и додека беше бремена, потсетете се во продолжение…

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Фото: Инстаграм/ Антониа Гиговска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button