Македонската пејачка Tea го смени имиџот, на која српска пејачка ви личи?
Можете ли да погодите на која е Теа од овие две фотографии?
Популарната пејачја Теа Трајковска има нова песна „Многу барам“. Наскоро го најавува и видеозаписот за неа.
– Од денеска песната е достапна на сите платформи, наскоро и спот, напиша таа на објавата на инстаграм,
Дали многу бара Теа не знаеме, но дека одлично изгледа со новиот имиџ е повеќе од јасно.
Таа е препознатлива како русокоса, уште од своите почетоци кога се појави во јавноста, неодмана ја промени бојата на косата од руса во бордо.
Уште на почетокот на годината имаше една промена тогаш и беше морков боја и одлично и стоеше, но новата нијанса на силна црвена-вино боја комплетно и прилега и на тенот и на стилот . Што мислите вие?
Минатата недела Теа славеше роденден. Со црн кроп-топ и кусо мини здолниште во црна боја, со дискретен накит се дотера згодната пејачка.
Откако почна да ги објавува фотографиите со новиот имиџ некои од фановите велат дека со новиот изглед многу ги потсетува на српската пејачка Теодора Џехверовиќ. Освен сличноста во името, дали и вие забележувате сличности помеѓу овие две пејачки?
Можете ли да погодите на која е Теа од овие две фотографии?
Да се потсетиме на еден убав хит од Теа…