Македонската Мерлинка со нов имиџ – ја нема повеќе русата коса, а пристигнуваа и честитки
Познатата македонска фолк-пејачка се пофали со новиот имиџ.
Ја нема русата коса по која цел живот е препознатлива.
Силвана Матовска Крстовска по потекло е од Тетово, а долги години е дел од македонската фолк-естрада.
ФОТО: Фејсбук / Силвана Матовска Крстовска
Поради својот специфичен изглед и русата коса го доби и прекарот македонска Мерлинка.
Силвана е една од најангажираните македонски пејачки и работи со полна пареа.
ФОТО: Фејсбук / Силвана Матовска Крстовска
Иако е доста долго на сцената, таа изгледа како времето да запрело за неа.
Може да се каже дека се вбројува меѓу жените кои стареат како виното.
ФОТО: Фејсбук / Силвана Матовска Крстовска
Приватно е мајка и сопруга.
Таа и нејзиниот сопруг Игор се запознале кога таа имала само 14 години, а во врска биле 8 години пред да се заколнат на вечна љубов.
ФОТО: Фејсбук / Силвана Матовска Крстовска
На нивната свадбена веселба присуствувале 700 гости.
Како што самата има изјавено, Игор е нејзината најголема поддршка и ветер во грб.
Круна на нивната љубов се двајцата синови Данило и Дамјан.
ФОТО: Фејсбук / Силвана Матовска Крстовска
Деновиве Силвана го прослави својот роденден, па тоа беше и прилика плус да се пофали со новиот имиџ.
За роденденот Силвана одлучи да направи мала промена, па долгаа руса коса ја замени со црна и кратка.
Иако станува збор за перика, мора да се признае дека одлично ѝ прилега, а од следбениците доби само комплименти.