Македонската „кралица на бакшишот“ ги собра сите погледи – ужива на плажа, во црвено бикини
Пејачката знае како да привлече внимание
Познатата фолк-пејачка Марија Луиса ги распамети своите фанови, посебно оние од посилниот пол, со најновите објави на Инстаграм.
Имено познатата пејачка реши да си ги наполни батериите и да се подготви за претстојните настапи, па ги спакува своите омилени костими за капење во куферите и замина на годишен одмор.
Но таа и додека одмара не заборава на своите фанови, па реши да ги почести со издание во кое носи костим за капење.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Облечена во дводелен модел на костим за капење во црвена боја, таа позираше покрај морето свртена со грбот, така што во центарот на вниманието беше нејзината позадина.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Коментари на сметка на нејзиниот изглед не престануваат да се редат и сите се согласни дека во ова издание изгледа брутално.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Инаку, шармантната битолчанка важи за „кралица на бакшишот“ и на своите настапи секогаш прави луда забава.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Таа на своите настапи секогаш изгледа провокативно, а подеднакво „пикантни“ се и нејзините фотки на Инстаграм.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
И додека едни се воодушевени од овие нејзини изданија, други ја критикуваат, но Марија не пати од комплекси.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
Повеќе од очигледно е дека неа не ја загрижуваат негативните реакции, и дека и во иднина ќе продолжи да го прави она што најдобро го умее.
Фото: Инстаграм/ Марија Луиса
А тоа секако е да ги развесели гостите на своите настапи, но и своите бројни фанови на социјалните мрежи.
А како Марија го прави тоа, погледнете во продолжение: