Македонската дизајнерка гордо го покажа она што жените НАЈЧЕСТО го кријат и испрати силна порака
Популарната македонска дизајнерка гордо го покажа вишокот кожа околу струкот.
Маја позираше во бикини на плажа во Охрид и без филтери и фотошоп покажа дека и таа има несовршености.
Дизајнерката Маја Кикириткова испрати силна порака до сите жени да си го сакаат своето тело без оглед на несовршеностите.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Маја топлите августовски денови ги поминува во авто кампот Љубаништа во Охрид, заедно со сопругот Александар децата Лазар и Ева.
Маја е една од најзгодните жени на македонската естрада, а на својот Инстаграм профил секогаш споделува инспиративни видеа за дамите и совети како да ги искомбинираат парчињата облека.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
Овој пат таа одлучи да покаже дека е горда на своето тело и на вишокот кожа која ја добила од двете бремености.
Во рок од три години Маја имала две бременоста и една операција, па и покрај тоа што никогаш немала проблем со вишокот килограми, како и кај многу жени, вишокот на кожа околу струкот сепак останала.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
„Одмор на камп, мозокот пуштен на пасење, вишок кожа околу струк што воопшто не ми смета и уште некој месец полни 38 години“, напиша Кикириткова во опис на фотографиите.
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова
ФОТО: Инстаграм / Маја Кикириткова