Реклама
Наши ѕвезди

Македонската Гранд ѕвезда сподели вест што сите ги израдува – сега од сите страни добива честитки

Колешката Шејла меѓу првите и честиташе

Реклама

Финалистката од „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска, конечно откри кога ќе излезе нејзината нова песна.

Петрушовска во „Ѕвездите на Гранд“ се натпреваруваше два пати, а вториот пат го освои високото трето место.

Таа со секој свој настап ги воодушевуваше сите, а посебно остави впечаток кога на сцената се појави со старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш и ги воодушеви сите.

Маркетинг

Нејзините фанови оттогаш нестрпливо го очекуваат моментот кога Андријана ќе се појави со својата прва песна која, како што откри пејачката, наскоро ќе ја здогледа светлоста на денот.

Маркетинг

Имено, пејачката одлучи повеќе своите фанови да не ги држи во неизвесност и го откри датумот на премиерата.

„Сабота – 12:00 часот е времето резервирано за ‘МАНИЈЕ’ мојот прв подарок за сите вас! Се согласувам со сите реакции освен рамнодушност!“, напиша Петрушовска откривајќи мал дел од песната.

И како што самата откри во претходната своја објава, таа се враќа на местото каде што сите имаа прилика да ја гледаат речиси секоја сабота во изминатиов период, само што овој пат со нејзината нова песна.

„Што да ви кажам освен дека со нетрпение очекувам реакции од сите вас на овој ритам кој можеби и не го очекувате“, напиша Андријана во описот на фотографиите направени во студиото на „Ѕвездите на Гранд“, а пото сподели и неколку кадри од спотот снимен за песната.

Песната ќе се вика „Маније“ и е на српски јазик, а како Андријана звучи во неа, слушнете од снимката во продолжение…

@andrijanapetrushovska

Subota – 12:00h je vreme rezervisano za “MANIJE” moj prvi poklon za sve vas! Pristajem na sve reakcije osim na ravnodušnost! ❤️ Сабота – 12:00 часот е времето резервирано за „МАНИЈЕ“ мојот прв подарок за сите вас! Се согласувам со сите реакции освен рамнодушност! ❤️ #manije #balkan #fyp #serbia #macedonia #viral_video

♬ original sound – Andrijana Petrushovska

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button