Македонската Гранд ѕвезда позираше на јахта во ПРОВОКАТИВНО ИЗДАНИЕ, но не откри со кого е
Пејачката ужива во слободното време
Македонската пејачка која пошироката јавност имаше прилика да ја запознае во „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска, поприлично е активна на социјалните мрежи.
Но покрај снимките и фотографиите од нејзините настапи, пејачката одвреме-навреме знае да објави и по некоја провокативна фотка.
Така беше и овој пат кога Андријана реши да си ги наполни батериите по бројните настапи што ги имаше во изминатиов период.
Таа ги спакува куферите и замина на одмор, па на својот Инстаграм објави неколку фотографии со кои никого не остави рамнодушен.
Пејачката позираше на јахта во едноделен бел костим за капење, па доби голем број комплименти за својот изглед.
„Топ си, убавице“, „Ќе падне Инста од вакви фотографии бре жено“ беа само некои од коментарите под нејзините фотографии.
Покрај ова издание, Андријана позираше во уште еден интересен модел на костим за капење во кој изгледаше феноменално.
Во прашање е модел со неодолив леопард дезен и со отвор на градите, со кој пејачката дополнително го истакна своето убаво тело.
Потсетуваме, младата пејачка се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде што стигна до самото финале.
Таа важеше за една од најдобрите пејачки во минатогодишното шоу, а внимание привлекуваше и со своите стајлинзи.
Тоа посебно важи за црвениот фустан со кој настапи во финалето, кој заради длабокиот шлиц никого не остави рамнодушен.
Како таа изгледше и на грандиозната сцена во шоуто, потсетете се во продолжение….
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд