Македонската Гранд ѕвезда објави видео и го покажа хаосот што се случува зад сцената во „Ѕвездите на Гранд“
Еве што се случува зад кулисите во популарното шоу

Многумина со нетрпение очекуваат кој ќе влезе во финалето во последната сезона на музичкото талент-што „Ѕвездите на Гранд“.
Голема неизвесност има и меѓу самите кандидати, кои покрај тоа што меѓусебно се натпреваруваат, кога ќе се изгаснат камерите, постојано се дружат и стекнуваат пријателства кои остануваат за долго време по шоуто.
Впрочем во тоа можевме да се увериме и од снимката што деновиве „исплива“ на социјалните мрежи и која најдобро покажува каква е атмосферата помеѓу натпреварувачите зад кулисите.

Имено, младиот музичар од Македонија, Дарко Ѓорѓески на Тикток објави видео на кое се гледа како со останатите натпреварувачи се подготвуваат зад сцената непосредно пред да започне популарното шоу.

На снимката можеме да видиме како еден од кандидатите пее заедно со Дарко додека останатите му пружаат поддршка.

Тие тоа го прават така што користат импровизирани инструменти и на тој начин му даваат ритам на пејачот од Македонија.

Од видеото можеме да видиме дека меѓу ривалите владее добро расположение и дека тие одлично се забавуваат кога се заедно.
Впрочем тоа можевме да го видиме и од пораката што Дарко неодамна ја напиша за трансродовата пејачка Алина Јухарт, по неговото испаѓање од шоуто, кога многумина ја обвинија неа дека е виновна за тоа.

Дарко веднаш се огласи и застана во одбрана на неговата колешка, а потоа доби и неочекуван повик од неговата менторка Светлана Цеца Ражнатовиќ која му соопшти дека повторно е вратен во шоуто.
„На неа и ја препишуваат причината за моето испаѓање и се чувствувам многу лошо заради тоа. За сите оние што не знаат, Алина пред сé е прекрасна, позитивна, културна и искрена личност и не заслужува ваков вид на напад, и не само таа, туку било кој“ напиша Дарко.

Тој тогаш додаде и дека ја користи приликата да и’ даде поддршка на Алина, но и на сите останати кандидати од тимот на Цеца, иако тој во тој момент се уште не беше вратен во шоуто, со што покажа дека е вистински другар и колега кој секој би го сакал за пријател (ова последното посебно се однесува за припадничките на посилниот пол).
Фото: ТикТок/ Дарко Ѓорѓески
Фото: ТикТок/ Дарко Ѓорѓески
Фото: ТикТок/ Дарко Ѓорѓески
Фото: ТикТок/ Дарко Ѓорѓески
Фото: ТикТок/ Дарко Ѓорѓески
Фото: ТикТок/ Дарко Ѓорѓески