Македонската „Гранд ѕвезда“ никого не остави рамнодушен со своето НЕОБИЧНО деколте – и жени и мажи гледаат во овој детаљ
Славица Ангелова во црно од глава до пети…
Еве како ќе изгледа пејачката од Македонија, Славица Ангелова, на својот настап во „Ѕвездите на Гранд“ што ќе го гледаме оваа сабота.
Младата пејачка од Струмица важи за една од најталентираните натпреварувачки во новата сезона од музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Таа со секој свој настап ги воодушевува сите со својот беспрекорен глас, но и со своите елегантни модни изданија.
Таа досега носеше сведени модни комбинации кои зрачат со префинетост, но кои секогаш ќе ги зачини со мала доза на сексапил.
Имено, Славица на социјалните мрежи објави неколку фотографии и покажа како ќе изгледа на својот следен настап.
Облечена во црна елегантна креација таа едноставно блескаше, истакнувајќи го на суптилен начин својот неодолив шарм.
Тесниот фустан ја истакна нејзината беспрекорна линија, додека необичното деколте никого не остави рамнодушен.
Во прашање е интересен детаљ во форма на пеперутка со кој Славица го истакна овој дел од своето тело во преден план, а целото издание го зачини со долги ракавици од тил, суптилна шминка и интересна фризура.
Ова издание дефинитивно не можеше да помине незабележано, па следуваа бројни коментари од нејзините фанови.
Погледнете уште неколку интересни комбинации на оваа млада дама пред која е блескава музичка кариера…
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова
Фото: Инстаграм/ Славица Ангелова