Македонската Гранд ѕвезда направи хаос со новата песна – фановите ВООДУШЕВЕНИ, сите се прашуваат која е убавицата во спотот?!
Македонската Гранд ѕвезда Ален Хасановиќ објави уште една песна со која ги израдува љубителите на неговиот глас.
Во прашање е песна со симболично име „Како да не пиjaм“ за која што самиот ги има напишано музиката и текстот.
Песната веднаш е прифатена од љубителите на неговата музика, па следуваа голем број позитивни коментари на социјалните мрежи.
„Од почетокот на кариерата нема ниту една лоша песна. Секоја чест на талентот и трудот“, „Единствениот Македонец кој успеа во Гранд“, „Браво, каква песна“, „Ова ќе грми кај мене во локалот“, „Каков глас и каква емоција“, беа само некои од коментарите што Ален ги доби под својата нова песна со која ја отвори летната сезона и која ќе биде хит.
Во спотот покрај Ален се појавува и македонскиот модел Сара Ваневска која блеска во фустаните што ги носи.
Инаку, поранешниот учесник во „Ѕвездите на Гранд“ и пред само неколку месеци ја изненади својата публика со нова песна, но и со вест дека во приватниот живот му цветаат рози.
Имено, тој тогаш во емисијата Гранд магазин призна дека би можел да се ожени наскоро, но не сакаше да открива повеќе детали за неговиот емотивен живот.
„Во изминативе години не ми одеше, но сега сум добро. Вљубен сум и исполнет“, беше искрен Хасановиќ пред водиелката, но не сакаше премногу да открива.
„На секоја девојка и е тешко да биде со музичар или со било кој што води јавен живот, но со тек на време, ќе се навикне“, изјави тогаш Ален. Но одговарајќи на прашањето на убавата водителка, не откри детали од својот приватен живот, а таа му кажа дека повеќе нема да го прашува за љубовта, но и дека очекува следната година навистина да ја израдува со вакви среќни вести.
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ
Фото: Инстаграм/ Ален Хасановиќ