Македонската Гранд ѕвезда им ги освои срцата на девојките, но неговата популарна прабаба се уште не го дава за женидба (видео)
Најстарата победничка од „Никогаш не е доцна“ претходната недела беше најголемото изненадување и во „Ѕвездите на Гранд“.
Имено Добрила Ивановска Чабриќ (95) се појави на самиот почеток од четвртиот круг во шоуто бидејќи му е прабаба на Дамјан Димевски, пејачот од Македонија што ги собра симпатиите на жирито и публиката.
Покрај музикалност, младиот пејач со својата прабаба ја дели и феноменалната енергија за која вели дека им е својствена на луѓето од Македонија.
„Таа ми дава, испраќа енергија и преку телефон“, беше искрен младиот Дамјан за својата позната прабаба.
„Јас секогаш сум со млади и заради тоа секогаш се чувствувам младо. Пред две години го терав да се појави, но сеуште беше мал, имаше 16 години и не беше зрел, но сега созреа и порасна“, изјави Добрила за „Гранд онлајн“ по настапот на својот внук кога тој освои шест гласови од жирито.
„Од мои седум години работам и тренирам на нашата фарма за пилиња во Македонија, се хранам здраво. Секое утро, кога ќе станам, зимам една лажичка мед и јајце на препелица. Можеби нема влијание на гласните жици, но сигурно има на имунитетот“, изјави Дамјан.
Мораме да го чуваме, да не згреши, се надоврза неговата прабаба кога ја прашаа дали е спремен за женидба.
Што се однесува до тоа како Добрила го доживеа неговиот последен настап, односно дали има некои критики, таа вели:
„Сé направи добро. На мене единствено ми пречи, првата песна малку ја растегна, требаше тоа да биде малку побрзо“.
„Но добро, твојот глас е фантастичен и ти успеа со својот глас да изведеш она што е потребно“, беше искрена прабабата на Дамјан.
Инаку младиот пејач на својот последен настап во „Ѕвездите на Гранд“ маестрално се претстави со песните „Параходот ми пристигна“ од легендарниот Никола Бадев и „Море од солзи“ од Ламба Алабаковски.
Дамјан тогаш ги освои сите со својот талент за музика и феноменален вокал, но и со тоа како изгледа, така што неговиот ментор Александар Милиќ Мили во една пригода изјави дека е македонскиот Рики Мартин.
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Принтскрин/ Гранд
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
Фото: Инстаграм/ Дамјан Димевски
.