Македонската Гранд ѕвезда го запали Скопје – Мики Секуловски и беше гостин, таа никогаш поубава
Финалистката се појави во издание за кое сите зборуваат
![](/wp-content/uploads/2024/07/miki.jpg)
Андријана Петрушовска која во „Ѕвездите на Гранд“ го освои третото место го одржа својот прв солистички концерт.
Концертот се одржа во Драчево каде публиката уживаше во нејзиниот настап и неверојатната енергија со која зрачеше од сцената.
Концертот се одржа кај Крстот и буквално немаше каде „ни игла да падне“, а најмладите кои беа во првите редови цело време снимаа со своите телефони. Петрушовска концертот го започна со „Јовано, Јованке“, песна со која ги воодушеви сите и во „Ѕвездите на Гранд“, посебно гледачите од Македонија, кога на грандиозната сцена се појави со старото македонско знаме со „Сонцето од Кутлеш“.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
На сцената во еден момент се појави и Мики Секуловски, а специјален гостин на Петрушовска и беше и Александар Јосифовски.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Публиката беше презадоволна што ги гледа најголемите македонски Гранд ѕвезди на едно место, а младата пејачка блескаше од среќа.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа цела вечер не ја тргаше насмевката од лицето, а шоуто го украде и со убавиот фустан со кој се појави на сцената.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Станува збор за елегантна бела тоалета со необичен крој во која оваа наша Гранд ѕвезда изгледаше како светските диви.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Таа потоа се појави во уште едно преубаво издание, само овој пат во нежна розова нијанса, и повторно никого не остави рамнодушен.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Како оваа наша убава дама изгледаше на својот прв солистички концерт во својот роден град, погледнете во продолжение….
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Како и самата Андријана најави претходно, концертот го прави за да им се одолжи на сите оние од Македонија што гласаа и ја поддржаа во големото финале во „Ѕвездите на Гранд“ каде го освои третото место.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Потсетуваме, Андријана два пати се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ и е единствена која два пати била во финалето на ова шоу.
Таа првиот пат беше во тимот на Ѓорѓе Давид, додека вториот пат кога го освои третото место, ментор и беше Александар Милиќ Мили.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Андријана во последната сезона беше единствената од Македонија што директно се пласираше во финалето, додека Мики Секуловски и Мелиса Зијадиќ тоа го направија од баражот, кога Саша Поповиќ одлучи сите кандидати да поминат и да учествуваат во големото финале.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Мелиса, која беше од тимот на Цеца Ражнатовиќ, го освои петтото место, а Мики кој беше во истиот тим, второто место.
Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Победничка во шоуто беше Шејла Зониќ од Босна и Херцеговина, а за неа и Мики и Андријана имаат само позитивни зборови.
„Ова е многу голем успех. Се чувствувам како победник, но и честитам и на Шејла за победата. Таа ми е една од најдобрите пријателки тука во натпреварот и ова за мене е исто како мене да ми се случува“, изјави Андријана Петрушовска големото финале на најгледаното музичко шоу на Балканот.