Македонската Гранд ѕвезда го „запали“ интернетот со фотографиите на кои позира во костим за капење
Еве како ужива познатата пејачка
Пејачката Андријана Петрушовска ги спакува куферите и отпатува на одмор за да си ги наполни батериите.
Пејачката која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“ каде што стигна до финалето реши да го искористи слободното време и да се одмори од напорната работа.
Таа по учеството во популарното шоу постојано има настапи, па уживањето на плажа во вакво издание секако дека и годи.
Петрушовска овој пат сподели неколку фотографии на Инстаграм со кои ги воодушеви претставниците на посилниот пол.
Облечена во едноделен костим за капење таа позираше во занесно издание, истакнувајќи го своето тело во преден план.
Пејачката за оваа пригода избра костим за капење со леопард дезен, а за да се заштити од сонцето носеше и сламен шешир.
Костимот за капење и стоеше феноменално, што може да се забележи и од коментарите што ги доби од фановите.
„Секогаш гледај напред и никогаш не врти се наназад“, напиша пејачката под овие свои фотографии на Интернет.
Инаку, Андријана неколку дена претходно покажа и како ужива на јахта, облечена во бел едноделен модел на костим за капење.
Како таа изгледаше и во ова свое издание, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска
Фото: Инстаграм/ Андријана Петрушовска