Македонската Гранд ѕвезда ги спакува своите куфери и замина од МАКЕДОНИЈА! Му се оствари сонот, ќе настапува со Брена!
Александар Јосифовски преку социјалните мрежи ги извести фановите дека започнува турнеја во Америка.
По натпреварот во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Јосифовски цело време настапуваше низ регионот, а пред неколку дена објави и спотот снимен со колешката од Босна и Херцеговина, Белма Хусеинефендиќ.
Тој неодамна доби покана да биде дел од голема турнеја во Америка и да настапува заедно со Лепа Брена.
„Точно е дека ќе настапувам со Брена на американската турнеја и не можам да ви опишам како се чувствува,. Требаше да одам на почетокот од октомври и да останам отприлика месец дена. Тоа е шансата на мојот живот“, изјави Александар неодамна за порталот Гранд.онлајн.
Тој откри и дека ќе настапува како предгрупа, односно пред да настапи големата ѕвезда Јосифовски ќе настапи си својот репертоар.
Инаку, Јосифовски пред само неколку дена го претстави спотот за песната со која задно со Босанката Хусеинефендиќ настапи на Охридскиот фестивал. Тие направија обработка на песната на српски јазик и истата веќе е хит во регионот.
Јосифовски и Белма не кријат колку се среќни заради овој заеднички проект, а еве и како дошло до нивниот спој.
„Кога Горан Шарац ми кажа дека би требало да најдеме девојка која својот дел би можела да го испее онака како што замисливме, веднаш и се јавив на Белма, бидејќи нејзината енергија што ја поседува е нешто што не се гледа секој ден. Не размислував многу за тој потег, бидејќи кога прв пат ја запознав, знаев дека таа нејзина енергија на мене ми одговара. Едноставно таа е некој што живее така и така пее“, изјави Александар, пренесе „Гранд.онлајн“.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Фото: Инстаграм/ Александар Јосифовски
Извор: Гранд.онлајн, Гламур